Изминатото деноноќие серија на слаби земјотреси во Грција и во Албанија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Серија на мали земјотреси се случија во Грција и во Албанија во текот на изминатото деноноќие, како и во Јадранското и во Егејското море.

Најсилните биле со 3,2 степени во Јадранското и во Егејското море во 5:28 и во 4:46 часот.

Последниот беше во Албанија во 6:59 часот во централниот дел. Во 3:49 часот, имаше еден земјотрес во Грција со интензитет од 3,1 степен. Еден во јужниот дел на Грција во 2:07 часот.

Пред полноќ се затресе исто така во Грција со интензитет од 3,2 степени, во близината на Јанина.