Влошена економска, социјална и здравствена состојба се само некои од штетите предизвикани од Ковид-19 и предуслов за појава на насилство во семејствата и врз децата. Од првата детска амбасада Меѓаши велат дека во следниот период можно е да има зголемен број на случаи на насилство врз децата.
Меѓутоа од Меѓаши велат дека за среќа до сега е регистриран само еден случај на насилство врз деца.
Од Меѓаши велат дека во вакви услови можно е да има зголемен број на случаи на психичко насилство. Меѓаши овој период отвори група на Фејсбук, Заедно дома со што сакаат да ги охрабрат семејствата времето кое го минуваат дома да го направат колку е можно поквалитетно. Исто така од Меѓаши информираат дека постои СОС линија и ги охрабруваат сите деца и млади да пријават доколку се жртви на насилство.
