Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска го потврди продолжувањето на преговорите со Хамас во врска со ослободувањето на израелските заложници кои беа киднапирани и однесени во Газа на 7 октомври минатата година.
Кац ги известил родителите на Лира Албаг, која е една од заложниците, дека таа е жива, а израелската делегација вчера заминала во Катар, каде што се водат преговори.
Кац рече дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „дал конкретни директиви за продолжување на преговорите“.
