Израел: Ќе дозволиме снабдување со основна храна во Газа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Израел планира да дозволи испорака на основна хуманитарна помош во Газа за да се осигури дека нема глад, соопшти денес кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

„Израел ќе дозволи основна количина храна за населението за да се осигури дека нема да се развие криза со глад во Појасот Газа“, се вели во соопштението. Одлуката да се дозволи внесување на одредена количина храна во Газа е донесена по препорака на израелската војска, соопшти кабинетот на премиерот. Претходно истиот ден, Израел најави целосна копнена операција, а Палестинците во опколената енклава пријавија бројни жртви и масовно раселување.

Катастрофални услови во Појасот Газа

Набљудувачите стравуваат дека новата офанзива, наречена „Кочијата на Гидеон“ од страна на војската, ќе доведе до многу повеќе смртни случаи во тој крајбрежен појас, каде што луѓето веќе живеат во катастрофални услови. Израелската влада е под притисок од целиот свет поради начинот на кој се справува со војната во Газа, што предизвика и масовни протести на универзитетските кампуси во многу земји.

Во жестоките израелски воздушни напади низ Појасот Газа во текот на ноќта и наутро загинаа 81 лице, а многу повеќе беа повредени.