Изречени казни од 1,1 милион денари – дел од продавачите во Охрид, Битола и Кичево продавале поскап леб

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од изршени над 250 надзори, Државниот пазарен утврди дека четири субјекти не ги почитувале последните одлуки на Владата за замрзнување на цените на одредени прехранбени производи.

Како што информира денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, станува збор за економски субјект во Охрид, кој продавал леб по цена повисока од онаа утврдената во одлуката за забрзнување на цената на лебот до 33 денари, како и за три економски субјекти од Охрид, Битола и Кичево, кои не ја почитувале одлуката за намалување на цените на тестенините и млечните производи.

„Еден економски субјект во охрид, за непочитување на одлуката на владата за замрзнување на цената на лебот и три економски објекти за непочитување на одлуката на владата за замрзнуваање на цената на млечните производи и тестенини од кои еден е од Охрид, Кичево и Битола. Сумата за овие четири економски субјекти за кои се издадени платни налози е 1 120 000 денари“, вели Горан Трајковски.

Тој изрази уверување дека инспекторатот работи со својот полн капацитет и врши надзор на територија на цела држава.

Од друга страна, пак, Дарко Каевски од СДСМ се пофали дека тие како влада и во услови на криза се грижат за граѓаните.

„Владата предводена од СДСМ донесе одлука за замрзнување, односно намалување на цените на дел од прехранбените производи. Цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама е замрзната на 33 денари. Од пред некој ден намалени се цените на тестенините за 15 отсто, а цените на млекото и млечните производи се намалени за 10 отсто. Сето тоа значи допоплнителна заштеда во семејните буџети“, додаде Дарко Каевски.

Од, опозициската ВМРО-ДПМНЕ со реакција.

„Со СДСМ на власт економијата тоне, сиромаштијата расте. Со СДСМ инфлацијата во Македонија достигна 17,1 процент, што значи дека парите ја губат куповната моќ. Владините мерки без ефект во економијата. Ниту минималната, а ниту ни просечната плата не овозможуваат на македонскиот граѓанин нормален живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, освен замрзнатите цени на лебот, тестенините и млечните производи, се очекува од идната недела да се направат анализи со што ќе се утврди дали ќе бидат замрзнати цените и на шеќерот, јацата и оризот.