Извлечени двојките за ракометниот Куп на Македонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија, попладнево беше извршена ждрепката за полуфиналето на националниот куп во машка и во женска конкуренција.

Двојките кај мажите се:
Вардар – Алкалоид
Еурофарм Пелистер – Тинекс Пролет

За пласман во финалето во женска конкуренција ќе се соочат:
Вардар – Ѓорче Петров
Металург – Куманово

Натпреварите од завршниот, „Фајнал фор“ турнир од Купот на Македонија оваа година ќе се играат во Охрид од 11 – 13 мај. Бранител на трофејот кај мажите е Вардар, а кај ракометарките ЖРК Металург.