Јабланица да се прогласи за национален парк! – „Овој статус ќе ја заштити од дивата сеча и незаконските активности“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Екологистите бараат планината Јабланица што поскоро да се прогласи за Национален парк и да се спроведе наредбата за заштита. Тие се на став дека со овој статус би се спречило уништувањето, узурпирањето на земјиште и дивоградбите.

Неконтролираната сеча и дивоградбите се главните предизвици на овој планински појас познат по својата ендемична флора и фауна. Во тек е изработка на Студија за природните вредности, но процесот за прогласување на заштитено подрачје заглави.

Делот на Јабланица кој спаѓа под територија на Албанија е прогласен за Национален парк уште во 2008, а во Северна Македонија има иницијатива од 2007 година. Со прогласување за Национален парк и во земјава, би им се ставило крај на градежните проекти, искористувањето на природните ресурси и промена на теренот.