Јагодите 200, црешите 300 денари – граѓаните: Народот нема пари ни за леб, а не за овошје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еден килограм јагоди чини 200 денари, исто толку се и црешите, а најквалитетните достигнуваат и до 300 денари. Лубеницата е 50 денари по килограм.

Повеќето граѓани што ги прашавме велат дека овие цени се превисоки за стандардот во земјава.

Граѓанин: Не скапо – туку прескапо. Народот се мачи за леб, а не за други работи. Јагодите 200 денари, црешите 300 денари – премногу скапо.

ТВ21: Што купувате најмногу?

Граѓанин: Ништо, што да купиме. Сѐ влијае – џебот е празен, имам само ситни пари, немам поголеми банкноти.

Граѓанин: Многу скапо, за мене скапо.

ТВ21: Купувате ли како порано?

Граѓанин: Купуваме по малку.

Некои граѓани додадоа дека цените се високи и затоа што веќе никој не се занимава со земјоделство.

-Цените, како што гледате сами – скапи се. нивите веќе не се обработуваат, сите ги оставија, младите веќе не работат на нива! – вели граѓанин.

Од друга страна, и продавачите се жалат дека нема промет.

Граѓаните велат дека купуваат само основни производи, а за овошје – ќе почекаат да се намалат цените.