Јанев: Намерно испративме екипи во Северна Македонија бидејќи и бугарски жители дишат чад

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Техничкиот премиер на Бугарија Стефан Јанев, ја коментираше одлуката за испраќање на противпожарни единици во Северна Македонија во гасењето на пожарите во Пехчево и Делчево.

Јанев кажа дека намерно е донесена таква одлука, поради тоа што пожарите би можеле да се прошират и на територија на Бугарија, а жителите во блискуграничните градови веќе чуствувале мирис на чад.

„Намерно донесовме одлука и испративме екипи од нашата противпожарна единица во Северна Македонија, бидејќи нашата анализа покажа дека пожарот може оди до нашата граница, што е факт. Ако некој се сомнева, нека ги праша жителите на Благоевград и соседните села каков чад дишеле вчера и што чувствувале“, кажа Јанев.

Оваа реакција доаѓа откако Слави Трифунов од „Има таков народ“ побара повлекување на противпожарните единици, бидејќи и во Бугарија имало пожари кои требало да бидат локализирани.