Катица Јанева раскажува за замената за мерката притвор со мерката куќен притвор на осум лица во предметот „Империја“. Тогаш обвинителката Вилма Русковска рече дека ќе ги истресе „од гаќи“ судиите од Апелација кои ја потпишале одлуката. Во тој стил одговори и Јанева.
„Јас тврдам дека никогаш и на никаков начин не сум влијаела на Судот ниту на судиите, а особено не да ги тресам од гаќи“, рече Јанева.
