Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски вечерва во емисијата Бизнис21 на ТВ21 оцени дека проектот за брзата пруга претставува исклучително значајна инвестиција, не само за државата, туку и за поширокиот регион.
Според него, станува збор за проект од континентален интерес, кој ќе овозможи подобро поврзување, побрз транспорт на луѓе и стоки и зголемена економска активност.
„Постапката е се уште во тек. Работната група ги разгледа сите понуди и избра необврзувачка, индикативна Банка со која се разговара“, порача Јанкуловски.
Јанкуловски нагласи дека ваквите капитални проекти имаат долгорочен ефект врз развојот на инфраструктурата и конкурентноста на економијата, додавајќи дека Владата останува посветена на реализација на стратешки проекти што носат корист за граѓаните и за регионот.
