Во судницата на денешното рочиште за случајот „Рекет“, Катица Јанева рече дека е апсурдно тоа што Зоран Милевски – Кичеец со пресуда е на слобода, а таа во притвор без докази.
„Милевски излезе од притвор на слобода, и тоа не се смета за злоупотреба во овој случај, а јас без никакви докази веќе девет месеци со во притвор“, рече Јанева која смета дека обвинувањата дека ги пречекорила овластувањата во замена на мерката притвор со куќен притвор во „Империја“ се апсурдни, додавајќи дека целото постапување како специјална јавна обвинителка е по закон.
