Јавната администрација во генерален штрајк, Димовски: Се чувствуваме излажани и изманипулирани

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Со поставување на 120 столчиња пред Собранието на РСМ од страна на вработените во ССМ упатија порака пратениците да го изгласаат поднесениот амандман за покачување на платите во јавниот сектор за 2 807 денари.


-Тие пари ни се неопходни со двоцифрената инфлација, ценовните шокови, енергетска криза, најавеното ново покачување на струјата од 10% со ова се што ни се случува. Што понатаму да кажам освен да го охрабрам работникот да се избори за своите права, за својата егзистенција. Ги повикувам сите народни избраници од сите партии нека дојдат денеска нека ја дадат поддршката не на ССМ, на работникот преку прифаќање на амандманот од 2806 денари одма и сега, рече Дарко Димовски претседател на ССМ.

-Да се чувствуваме и излажани и изманипулирани.

И вработените во Градска болница штрајкуваа со едночасовен прекин на работата од 10 до 11 часот.

-Ние се приклучуваме кон овој генерален штрајк и кон истите барања, линеарно покачување од 2806 денари и од 2023 -та година да биде предвиден регрес за годишен одмор, вели Љубиша Каранфиловски, претседател на самостојниот синдикат за здравство.

Во целиот штрајк најмногу трпат трети лица како пациентите на премиер кои некои ингформирани, некои не, денеска дошле на преглед, па требаше да почекаат вработените да завршат со штрајкот.


-Го поддржувам штрајкот затоа што луѓето овде навистина се трудат. Дојдов ми дадоа прва помош кога ми беше потребна сега пак чекам контрола, ќе почекам не ми е тешко. Сум на нивната страна да биде здавството како што треба.Моите деца се тука не се зависни партиски од никого, значи остануваат тука го полнат буџетот, ако се во странство кој ќе полни буџет за мене за пензија? Ги поддржувам сите што се овде, а не ги поддржувам тие што се во парламентот, вели демонстрант.


-На контрола. Колку време чекате? Па сабајле од 9. Знаевте дека ќе има штрајк? Да. Има некои што работат. Ви рекоа дека ќе ве прегледаат? Да, вели демонстрант.

Штрајкот ќе продолжи и утре пред Влада каде ќе бидат поставени 31 столче, а во петок пред Министерство за финансии. Се до исполнување на нивните барања.