Јавниот превоз во петок ќе сообраќа по неделен возен ред – вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ЈСП информира дека во петок (1.01.2021 год), возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.

И во сабота (2.01.2021 год) и во недела (3.01.2021 год) ќе се вози по неделен возен ред, со вообичаените термини на првите вклучувања на сите линии.

Утре, четврток (31.12.2020 год), сите билетарници и центри за персонализација ќе работат до 17 часот.

Во петок (1.01.2021 год), билетарниците нема да работат, а во сабота (2.01.2021 год) ќе работат вообичаено.

Во недела (3.01.2021 год) дежурни од 7 до 19.30 часот ќе бидат билетарниците на Зелено пазарче и Транспортен центар, а од 7 до 13.30 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров.