Јавните комунални претпријатија пред банкрот – Бислимовски: Противзаконски е да плаќаат струја како физички лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

90 комунални претпријатија даватели на комунални услуги бараат помош од владата и Регулаторната комисија за енергетика заради 10 пати повисоките сметки за струја. До сега владата велат немала слух за проблемите со кои се соочуваат. Во ваква ситуација според нив имаат два избора:

„Банкрот со кој би се соочиле како претпријатије  што ќе предизвика недостиг на услугите кои ги даваме и  несигурност на  15 000 вработени и неможност да функционираат, ќе се доведе во прашање личниот доход. И другата опција е ЈКП да порнесат нови пресметки до РКЕ за промена на цените“, вели Пеце Милевски.

ЈКП бараат да плаќаат струја по цена како што плаќаат физичките лица во блок 3 без пресметување на ефтина и скапа тарафа или како финансиска помош од државата за покривање на разликата помеѓу планираните и фактичките настанати трошоци. Што за Бислимовски е противзаконски. Тој признава дека има комунални претпријатија каде сметката за струја е повисока од вкупните приходи и треба да се излезе во пресрет.

„РКЕ и да добие барање за зголемување на цената од ЈКП ќе го одбие , бидејќи не верувам дека зголемување на цена од 100, 200, 300% ќе го реши пробелмот. На крајот на денот македонските граѓани, домаќинства ќе треба да ја платат таа зголемена цена. Во зголемувањето на цените ќе се зголеми ненаплатата и тоа нема да влијае на ликвидноста на компаниите“, порача Марко Бислимовски.

Бислимовски се надева дека гасот од Бугарија ќе го реши овој проблем кој  произлегува од енормно високите цени на  светската берза.