Јавните претпријатија во Охрид во финансиски проблеми – „Водовод“ пред колапс, повеќе троши отколку што заработува

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Јавните претпријатија во Охрид се во тешка финансиска состојба, а поскапувањето на струјата ги води кон колапс. Сметките за струја бележат вртоглав скок. Повисоки се за 5-6 пати во споредба со минатата година. Од локалната власт велат дека планот на Владата за штедење ќе се спроведува, но дека финансиите ќе бидат сериозен проблем кој ќе го доведе во прашање нормалното работење. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, вели дека овие претпријатија ги затекнал во тешка финансиска состојба.

Се бара решение за јавните претпријатија кои се занимаваат со снабдување со вода за пиење да бидат на редовен пазар со цел да можат да се справат со притисоците. Во спротивно, давањето услуги на граѓаните ќе биде доведено во прашање. Пецаков вели дека Владата не е подготвена да помогне во оваа насока.

Градоначалникот на Охрид најави средба на локалната самоуправа за надминување на овие состојби, во спротивно, како што вели, постои ризик од целосен финансиски колапс на општината.