ЈП Комунална хигиена – Скопје ги продолжува активностите за чистење на јавните и сообраќајните површини во Општина Кисела Вода и Старата скопска чаршија.

Вечерва во скопската општина Кисела Вода, ЈП Комунална хигиена-Скопје ги продолжи активностите за машинско и рачно миење на булеварите и поголемите улици со автоцистерни.

Воедно, екипите на Претпријатието извршија и рачно миење на Старата скопска чаршија, како и плоштадот Скендер Бег.
