ЈСП на протест пред Владата – бараат да се исплати долгот, Владата демантира долг кон ЈСП

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вработените во ЈСП денеска го почнаа протестот пред Владата и пред останатите институции, поради неисплатата на заостаната плата.

Раководството на репрезентативните синдикати на ЈСП вчера најавија дека ќе штрајкуваат се додека не се реализира ветеното, но вработените нема да ја прекинуваат работата. Од ЈСП велат дека министерството за образование должи на ЈСП.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска вчера оцени дека станува збор за сериозен долг и најави дека автобусите на ЈСП „ќе бидат пред Владата и останатите институции, се додека не бидат подмирени долговите кон ова јавно претпријатие“.

– Автобусите на ЈСП ќе возат до оној момент додека можат. И ние она кое што е наша услуга, ќе се обидеме доследно до последниот момент да го испорачаме до граѓаните. Автобусите кои нема да сообраќаат, ќе останат пред Владата и ќе ги ставиме пред сите институции до моментот додека не си ги исполнат своите обврски, рече Арсовска.

Од Владата пак, ги отфрлија обвинувањата за каков било долг кон Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Сабајлево, поради дојава за бомба, јавниот автобуски превоз беше во прекин.