Јулија Навална: Подготвени сме за долга борба за да го победиме Путин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Подготвени сме за долга борба додека не го победиме Путин“. Ова денеска го изјави Јулија Навални, вдовица на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални кој почина под неразјаснети околности во 2024 година во затвор во Русија.

Навална разговараше во Брисел со европратениците од Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, пренесува БТА.

Одржлива Европа е невозможна без мирна, демократска и богата Русија, додаде Навална.

„Пречката е една, Владимир Путин кој е на власт 25 години. Тој постојано ги гази граѓанските права во земјата, ги убива своите политички противници, започнува воени напади, му се заканува на светот со нуклеарна војна. Сето ова му се простува, никој не може да го сопре веќе 25 години. Според мене, тоа е така затоа што не сме ги здружиле силите. Не гледам друг начин освен да се вклучиме во борбата. Потребна е поддршка од руското граѓанско општество. Само изјавите не се доволни. САД има други приоритети, и тоа е тажно. Но, Европа може да ја предводи борбата за ослободување на политичките затвореници во Русија и во Белорусија“, рече Навална.

Таа побара поддршка поддршка од руското граѓанско општество и опозициските медиуми.

„Милиони русија не го поддржуваат Путин и војната во Украина, и еден ден повторно ќе излезат на улиците. Мора да работиме за нова Русија“, смета Навална.