Јувентус под истрага поради Роналдо и потпишаниот документ вреден 19,9 милиони евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Јувентус е под истрага за фалсификување на состојбата на сметките, а зад се стојат тајни документи кои клубот ги потпишал со Кристијано Роналдо за време на пандемијата на коронавирус. Според нив, според La Gazzetta dello Sport, Јувентус на својот тогашен напаѓач му ветил исплата во износ од 19,9 милиони евра, што според обвинителството не било наведено во финансискиот извештај на клубот.

Јувентус вети дека ќе ја плати споменатата сума на Роналдо дури и ако тој го напушти клубот пред крајот на договорената соработка, што португалскиот напаѓач го направи со заминувањето во Манчестер Јунајтед.

Во времето на пандемијата, Јувентус најави големи намалувања на платите, а подоцна потврди дека поради финансиски проблеми на играчите им биле ускратени приходите што требало да ги добијат за четири месеци. Обвинителството се обидува да докаже дека тоа не е точно, дека постојат поединечни необјавени документи меѓу клубот и играчите, односно дека се фалсификувани сметките на клубот за годините 2019, 2020 и 2021 година. Пронајден е токму таков документ што Роналдо го потпишал со торинскиот гигант.

La Stampa открива дека Роналдо одбил да даде изјава во обвинителството на прашањето за спорниот документ. Меѓу другите, под истрага се и претседателот на клубот Андреа Ањели и потпретседателот Павел Недвед.