Јужна Кореја: Околу 600 севернокорејски војници загинале во војната во Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Околу 600 севернокорејски војници загинаа борејќи се заедно со руските сили во војната против Украина, изјави денес јужнокорејски пратеник и експерт за разузнавање.

„Досега, воените загуби на севернокорејските воени сили се проценуваат на околу 4.700, вклучувајќи 600 мртви“, изјави пратеникот Ли Сеонг-Квен, член на парламентарниот разузнавачки комитет, за новинарите по брифингот со јужнокорејското разузнавање.

Околу 2.000 ранети војници беа вратени по воздушен и железнички пат во Северна Кореја помеѓу јануари и март. Се верува дека тие се сместени во изолација во Пјонгјанг и во други делови од земјата, рече Ли. Кога починале, нивните тела биле кремирани во Русија, а урните со пепелта вратени во Северна Кореја, рече тој.