Пред и по формирањето е формирањето на новата влада, премиерот Заев вети дека во првите 100 дена ќе се формира комисија од домашни и меѓународни експерти која ќе ги постави темелите за чистење на судството.
“Секој судија на кого му застарел предмет ќе биде разрешен од оваа комисија“, имаше кажано Заев.
ТВ21 денеска го праша Премиерот до каде е формирањето на оваа комисија за чистење на судството, а тој накратко одговори:
„Веќе почна со прочистување…детали ќе ти каже Бојан Маричиќ“, посочи Зоран Заев.
Се обративме до министерот за правда, но тој не сакаше да коментира.
„Утре на прес конференција ќе одговорам на сите ваши прашања со задоволство“, додаде Маричиќ.
Нејасно е дали со тврдењето “чистењето на судството веќе започна“, Премиерот зборуваше воопшто за судиите кои се разрешени до сега, или станува збор за нови разрешувања. Никој од надлежните од институциите за правда не беше подготвен да зборува за ова. Главниот обвинител Љубомир Јовески не ни врати одговор. Претседателот на Кривичен суд Скопје 1, Иван Џолев вели дека нема нов момент. Претседателот на Врховен суд, Фаик Арслани не упати до Судскиот совет, но неговиот претседател Киро Здравев не можеше да одговори. Инаку претседателот на советот на обвинители, Ацо Колевски ни рече дека не може да зборува поради здравствената состојба.
Во последниот извештај на Европската комисија за судски систем во Северна Македонија, се вели дека има одредено ниво на подготовка во оваа област. Се вели исто така дека е направен добар напредок во спроведувањето на стратегијата за реформи во правниот систем, а надлежните институции ги имплементираат новите правила за именување, унапредувања, дисциплина и отпуштање од работа на судиите.
