Заменик министерот за здравство, Илир Хасани за ТВ21 вели дека на денешната седница на Владата се дискутирало за долгите колони што се видоа вчера на влезот и излезот од државата на граничниот премин Блаце.
Било оценето состојбата е алармантна и апелира до граѓаните да не ја злоупотребуваат границата.
Иако постојано од владата, па сега и Хасани апелираат да не се злоупотребува ситуацијата, туку да се патува само кога е неопходно, сепак токму тој пред неколку дена најави дека наскоро ќе се пие кафе во Приштина без ПЦР тест.
Хасани воедно вели дека дека се дискутирало и за здравствените капацитети во земјата.
Најавува дека во наредните денови ќе се фокусира на подигање на свеста на граѓаните за усогласеност со мерките.
Одлуката за патување без ПЦР тест засега има само со Косово и Аланија, додека за влез во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, македонските граѓани мора да имаат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа.
