Кај Неапол во Италија запленет кокаин вреден 10 милиони евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Италијанската полиција заплени повеќе од 80 килограми кокаин од камион во близина на Неапол, објави во петокот италијанската новинска агенција АНСА. 

Полицијата уапси 33-годишник и 47-годишник кои беа фатени како пренесуваат 81,7 килограми кокаин поделени во 70 снопови од камион во помало комбе во северните предградија на Неапол, јави АНСА.

Проценетата улична вредност на дрогата е околу 10 милиони евра.