Како Албанците реагираат на коалицијата Беса-СДСМ? Касами кажува со какви проблеми се соочуваат на терен

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Амбиентот со кој се соочуваме на терен, покажува дека има силна поддршка на оваа коалиција. Присутни сме и на места каде не сме можеле да бидеме во 2016“, вели лидерот на Беса Биљал Касами на постено прашање за тоа со какви проблеми се соочуваат на терен по коалицијата со СДСМ.

Вели дека во оваа кампања се присутни и во места, каде што во 2016 година немале пристап.

„Во Липково на пример име 3 или 4 села, можеби и поради луѓето кои биле носители на процесите во тој дел, а можеби и поради тоа што тие се уште не можеа да веруваат дека Движењето Беса може да биде сериозна сила која утре ќе биде важен носител на политичките процеси. Таму немавме пристап во 2016, но денес присутни сме со структури, со подграноци и со лојални штабови. Ова важи и за Струга, Кичево. Има села во Кичево каде јас за прв пат одам сега…“, додава Касами.

https://business.facebook.com/673190229477851/videos/990660251365856/