Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостува новинарот Александар Чомовски со кого разговаравме околу неговите почетоци во новинарството.
На прашање од модераторот за тоа како го замислувал новинарството кога започнал тоа да го работи, Чомовски вели го започнал и го завршил со две основни премисии кои произлегуваат од неговиот карактер.
„Тоа е висок степен на лојалност кон професијата, си ја сакам професијата исклучително многу и во ниту еден момент сум немал излет од професијата. 50-години сум пишувал, радио новинар, телевизиски новинар“, посочи Чомовски.
Тој вели дека секој период е своја историја.
