Како да преживее четиричлено семејство?! – За еден месец скромна живеачка потребни се минимум 56.522 денари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

56.522 денари е минималната синдикална кошничка што ја пресметаа двајцата поранешни министри за финансии Никола Поповски и Драган Тевдовски. Со оваа сума ќе преживее четиричлено семејство, трошејќи само на најпотребните работи и без никаков луксуз.

Потешко им е на семејствата кои плаќаат кирија, бидејќи нивната синдикална кошничка е поскапа за 21.324 денари поради кирија, вода, струја и парно. Структурата на кошницата која не е променета од 2011 година сега има 4 нови ставки за разлика од сегашната или вкупно 11 и ќе биде основа за пресметка на минималната плата во март следната година.

Слободан Трендафилов, претседател на ССМ, вели дека минималната синдикална кошничка била главен аргумент за покачување на минималната плата за 2.806 денари, потоа за 2.175 или според направените пресметки, за 2.500 денари во март следната година.

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска е оптимист за новата методологија бидејќи смета дека оваа година се преземени неколку важни чекори за подобрување на правата на работникот.

Поповски сепак истакна дека употребената методологија му овозможува на ССМ да прави нова пресметка секој месец бидејќи се користа податоци и страница која се ажурира секој ден и ја прикажува реалната слика.