Како ќе се реформираат министерствата? Нови министерства, но и спојување на две во едно!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ќе има реформирање на министерствата. Ова го најави првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а денеска во DailyClick го потврди и Бесар Дуримши од ВРЕДИ, коалицијата која веќе е во преговори за формирање на Влада.

Се очекува да се одвои енергетскиот сектор од Министерството за економија, кое би станало посебно министерство, а во економија да се додаде и Министерството за труд, кое би било одвоено од Министерството за труд и социјална политика. На социјална политика се очекува да се додадат демографијата и младите. Во Министерството за култура се очекува да се додаде туризмот. Исто така, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ќе остане само за односи меѓу заедниците. Други министерства кои се очекува да се формираат се Министерството за спорт и Министерството за дигитална трансформација.

Според Бесар Дурмиши од коалицијата ВРЕДИ, овие промени имаат мала важност. Според него, малку е важно кое министерство од која политичка партија ќе се раководи. Вели дека секоја промена мора да ја изгласаат 2/3 од пратениците во Собранието.

-Малку е важно дали доколку се отстрани енергетика од Министерството за економија, дали со тоа Министерство ќе раководи со ВРЕДИ или ВМРО. Тоа не главната цел туку целта е да се реформираат министерствата, но морам да нагласам дека промените што ќе се направат во министерствата мора да поминат со 2/3 од гласовите во Собранието. Го имаме Министерството за спорт како дополнително министерство, додека во министерството за економија, колку што знам, енергетика ќе се отстрани и ќе се додаде трудот. Демографијата и младите ќе бидат додадени во Министерството за социјална политика, вели Бесар Дурмиши од ВРЕДИ.

Но, Јетон Шаќири од Европскиот фронт не се согласува со Дурмиши. Тој вели дека политичката моќ на ресорите произлегува од обврските и должностите што ги имаат тие ресори. Прашува како туризмот ќе се промовира преку културата?

-Но, не можеме да го кажеме дека не е важно, поради тоа што политичката моќ на ресорите и нивната застапеност во владиниот кабинет дава од обврските и должностите што ги имаат сите ресори. И од таа причина не можеме да го кажеме дека не е важно. Не можеме да го кажеме така ако туризмот се додава кај Министерство за култура. Како ќе се промовира тој туризам преку културата? – вели Јетон Шаќири од Европски фронт.

ВМРО-ДПМНЕ во својата програма предвиде и намалување за 10% на јавните институции, целосно отстранување на функцијата заменик директор, како и намалување на извршните и надзорните одбори и нивните членови.