Македонија е на 8. позиција на смртни случаи во Светот на 1 милион жители. Еве како ова го коментираше министерот Венко Филипче во „Клик Плус“ на ТВ21:
„Се зголеми бројот на смртни случаи не само кај нас, туку и секаде, еве и кај соседите. Имаме специфичен пристап кој не го сменивме од почетокот. Се земаат брисеви и пост мортем. Зошто? Затоа што сакаме да ги заштитиме најблиските. Ние можеме фиктивно да го намалиме, ќе престанеме да тестираме пост мортем. Нема да биде вистински и чесен пристап, не само кон пациентите, туку и кон семејствата. Се пријавуваат сите кои имаат сарс-ков вирус, според препораките на СЗО. Без разлика дали имаат такви тешки коморбидитети кои може да бидат вистинската причина на смртта. Затоа е таков став, со цел да ги заштитиме сите членови на семејството.
Претходно д-р Дејан Докиќ коментираше за коморбитетите на пациентите. Тој истакна дека вирусот е подмолен, па може и пациенти со коморбитети да се извлечат, а може некои без коморбитети да не успеат да го победат.
Повеќе за изјавата на д-р Докиќ на следниот ЛИНК.
