„Се наоѓаме во општина Кисела Вода да видиме од блиску како тече изборниот процес во оваа општина. Поточно да видиме како се одвива гласањето на лицата со оштетен вид“, истакна репортерката на ТВ21.
Николина заедно со приружник се упати да го оствари нејзиното право на глас. Се упати кон избирачкото место.
Таа има оштетен вид и со потешкотии стигна до гласачкото место. Беше принудена да оди по тревник за да стигне до гласачкото место.
Придружникот и помогна да стигне до параванот, а таа со помош на браево писмо можеше сама да гласа.
„За мене го отежнува. Мене би ми било подобро да има тротоар а не по трева да газам. Би било породбро, знаете, има скала па нема скала, па потоа малку повисока,. Кога сум сама јас се утепувам. И моментално каде стоиме не е пристапно“, истакна Николина Трајковска.
Во Македонија има околу 2 илјади и 500 лица со оштетен вид кои го остваруваат нивото право на глас.
