ТВ21 утринава беше на терен во општина Чаир.
„Се наоѓаме во ОУ „Петар Здравковски-Пенко“ каде има гласачки места и од општина Чаир, и од општина Бутел. Граѓаните кои ги сретнавме и кои го искористија правото на глас велат дека сѐ се одвивало според предвидените протоколи за безбедно гласање од Ковид-19. Претседателката на гласачките места вели дека гласањето почнало навреме и дека одѕивот бил како на претходните избори“, истакна репортерката на ТВ21.
„Да, сѐ беше во ред“.
-Дали се чувствувате загрозени што излеговте да гласате?
„Не, не воопшто. Ова е наша граѓанска должност“. – Пријатен ден.
-Сите гласачки места се отворени во 7 часот утрово и процесот тече во ред.
Новинар: Колку гласачи има општина Чаир и колкава е излезноста според првичните информации?
-Општина Чаир има вкупно 57.640 избирачи поделени во два дела. Во Зоната 1 се 24.531 избирач, додека во Зоната 2 се 33.109 гласачи. Утрово поставивме дезинфекциски средства и маски. Во моментов сѐ е во ред. Им стоиме на располагање за исполнување на секое нивно барање.
