Институтот за јавно здравје објави загрижувачки бројки за смртноста поради загадениот воздух. Околу 4.000 лица годишно умираат поради загадениот воздух.
Но, како убива загадениот воздух?
Според институтот, долготрајната изложеност на високо ниво на загаден воздух е поврзана со повисоки стапки на смртност од кардиоваскуларни болести, респираторни заболувања и канцер.
Загадувањето на воздухот доведува до повисоки стапки на астма, кардиоваскуларни болести и други здравствени проблеми, особено кај сиромашните и ранливите групи на население.
Пулмологот Зекирја Шаини секојдневно се соочува со пациенти со респираторни заболувања. Потврди дека во последните месеци е зголемен бројот на пациенти кои се лекуваат на пулмологија, токму во периодот кога Македонија се соочува со алармантно аерозагадување.
„Секако дека ги спомнав ранливите категории кои за жал од аерозагадувањето има разболени пациенти и бараат помош тука, нешто што може да има фатални последици и смртност кај паценти кои се во терцијална фаза на белодробни заболувања“, вели Зекирија Шахини.
Шаини нагласи дека аерозагадувањето влијае и на здравите, кои доживуваат симптоми на кашлица и отежнато дишење. Тој препорачува да се избегнува излегување надвор и да не се оставаат отворени прозорците од домовите.
„Но, дури и здравиЕ пациенти кои немаат белодробни заболувања или нешто било друго, загадувањето на воздухот автоматски има лош ефект бидејќи може да предизвика кашлање, може да предизвика отежнато дишење, лица кои немаат хронично белодробно заболување, но ќе се отежни нивниот начин на живот од честото појавување на отежнато дишење“, вели Зекирја Шахини.
Проценките на ИЈЗ за периодот 2019-2021 година покажуваат дека секоја година Македонија губи 4.175 животи што може да се припишат на изложеноста на концентрации на PM2,5 честичките. Според најновите проценки за 2024 година кои го покриваат периодот 2020-2022 година, годишно умираат 291,4 луѓе на 100.000 жители поради моменталниот квалитет на воздухот.
