Гералд Кнаус, Австрискиот политички аналитичар и директор на тинк – тенкот Европската иницијатива за стабилност, во „Клик Плус“ на ТВ21 синоќа зборуваше околу македонскиот спор со Бугарија.
На прашањето за тоа какви би биле чувствата доколку Германија побара од Австрија да прифатат дека имаат германски корени, тој вели дека до 60-тите години од минатиот век, само малцинствата изјавувале дека постои нација во Австрија.
„Па, Парадоксот е тоа. До 60-тите години од минатиот век, само малцинствата во пописот изјавија дека постои нација на Австрија. До 1970 година тоа беше мнозинство. Денес тоа е скоро секој. Па ако денес некој сосед би им рекол на австријците. Во 1960 година постоеше сомневање дека вие самите и поради оваа причина сте идентитет денес е лажен. 99% од Австријците би рекле дека сме тоа што го чувствуваме и дека се чувствуваме Австриец. Ова важи насекаде во светот, има голем сосед кој се обидува да ве притисне“, посочи Кнаус.
