Какви последици може да има од самоиницијативно земање на антибиотици за спречување на коронавирусот? Одговараат доктори во ClickPlus

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земањето антибиотици на своја рака и дефинитивно може да остви последици. Какви последици, тоа одговараат докторите гости вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21.

„Превентивно земање на антибиотици дефинитивно не е оправдано. Ниту самоиницијативно. Секое несоодветно земање на лек, па дури и суплемент може да донесе несакани дејствија. Затоа е тука лекар, специјалист кој што кажува што треба да се земе“, рече Стевановиќ.

„Прво и основно е дека треба да пие многу течности. Затоа што самиот вирус прави оштета на ткивата, детоксикација и потребно е многу течности. Понатаму витаминска терапија, добро позната. Ц витамин, но претпазливо, затоа што може да ги оштети бубрезите. Цинк, некои антиоксиданси, Д витамин од 2.000 до 4.000 интернационални единици. Но она што е важно, не би сакал граѓаните да земат парацетамол непотребно. 37 со 2 тие земаат парацетамол. Температурата е дел од одбранбениот систем. Температурате над 39, само од тие причини се зема да се намали, и тоа не драстично, туку да живне организмот“, вели Докиќ кој се осврна на антибиотици.

„Ова е вирус. За вирус не се дава антибиотик“, објасни доктор Докиќ.

Повеќе низ следното видео: