Камчев побара да биде изземен како сведок за „Меѓународен сојуз“, Обвинителството и судот одбија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Орце Камчев на денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ бараше да биде изземен од случајот, истакнувајќи дека во ваков момент на кршење на законот нема да биде корисен за судот.

„Заради кршење на законот барам да бидам изземен. Законот во државата и онака го кршат Обвинителството и судот“, посочи Камчев.

Сепак, Обвинителството и судот не се согласија, по што мораше да продолжи да сведочи.

„Постапката во која му е изречена мерка притвор нема врска со овој случај“, рече обвинителката Ивана Трајчева.

Потоа започна сведочењето на Камчев.

„Ми беа понудени два проекти од „Меѓународен сојуз“, еден за старски дом и еден за трговски центар. Првично проектите ми беа понудени од Зоран Милевски, Катица Јанева, нејзиниот син и Бојан Јовановски“, рече Камчев.

Според сведочењето, Камчев додаде дека не го прифатил за трговски центар бидејќи проценил дека ќе нема финансиска корист.

Во однос на старечките домови, Камчев кажа дека Бојан Јовановски му рекол дека бил излажан од градоначаланикот на Карпош Стефан Богоев дека ќе му помогне за наоѓање локација и од тогаш не бил во добар однос со Богоев.