Камчев понуди гаранција од 1,7 милиони евра во недвижнини и 200 илјади евра во готово за да излезе од притвор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Адвокатот Еленко Миланов денеска на прес конференција посочи дека бизнисменот Орце Камчев, петтообвинет во случајот „Плацеви на Водно“, по втор пат поднел гаранција во вредност од 1,7 милиони евра во недвижнини и околу 200.000 евра во готовина за да се брани од домашен притвор.

Тој истакнува дека јавната обвинителка Лиле Стефанова на ова веднаш дала негативно мислење, а додава и дека сега на потег е кривичниот Совет да одлучи дали ќе ја прифати оваа гаранција.

„Во оваа постапка по редоследот на обвинителниот акт Јордан Камчев е петтообвинет и единственото лице кое што во изминативе пет месеци, сега почнува шестиот, се наоѓа во притвор. Воопшто не се размислува за евентуална можност за укинување на таа мерка притвор и за почитување на неговата во овој момент нарушена здравствена состојба, за што постои обемна медицинска документација од повеќе стручни лица од Република Македонија од еминентни стручњаци од Република Словенија и исто така од Република Австрија. Поднесена е и гаранција во недвижен сопствен имот од 1,7 милиони евра недвижен имот и 200.000 евра готовински. Сметам дека гаранцијата треба да биде прифатена, бидејќи сумата ја надминува целата финансиска штета од 1,3 милиони евра“, истакна Миланов

Миланов порача дека предметот не може да се темели на изјава на екс премиерот Никола Груевски дадена за сосема друга истрага и затоа бара запирање на процесот додека не се земе изјава од Груевски.