Камењане, Боговиње доби водоводна мрежа – ќе се постават и водомери за водата да не се злоупотребува

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Камењане, општина Боговиње е пуштена во употреба новата водоводна мрежа во должина од 9 км. Целиот проект чини 15 милиони денари. На промовирањето присуствуваше и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој рече дека станува збор за  капитален проект за ова населено место. 

Но, дали оваа инвестиција конечно ќе стави крај на проблемот со водата за пиење со кој се соочуваат жителите на Камењане? Градоначалникот на општина Боговиње, Бесник Емшиу без конкретен одговор. Според него, треба да се постават и водомери​​ за жителите да имаат 24 часа вода за пиење.

-Водата која доаѓа од изворот до резервоарот е доволна, но нас како општина нѐ чека уште работа. Треба да поставиме водомери за граѓаните да не ја злоупотребуваат водата и ако ги поставиме ќе има вода за пиење24 часа, вели градоначалникот на општина Боговиње, Бесник Емшиу.
ТВ21: Во моментов како што е – ќе имаат вода или не?
-Во моментов ќе имаат доволно, но со соодветна контрола. Во текот на летната сезона ќе треба да ја платат, за да имаме вода за пиење, додава Емшиу.

Пред неколку месеци, жителите на селото Палчиште протестираа поради немање вода за пиење, а градоначалникот на општината и надлежните министри ветија дека следната недела ќе стартуваат работните активности и за овој проект.