Премиерот на канадската провинција Онтарио, Даг Форд, најави дека привремено ќе го суспендира данокот од 25 отсто за извозот на електрична енергија во САД, додека преговорите со американските власти продолжуваат, пренесува агенцијата Фена.
Форд потврди дека разговарал со американскиот секретар за трговија Хауард Лутник, кој, како што рече, „понудел маслиново гранче“ и ги поканил канадските претставници на состанок во Вашингтон.
Форд рече дека ќе ја прифати поканата, но нагласи дека Онтарио сè уште ја задржува опцијата да воведе тарифи за електрична енергија доколку е потребно.
Коментирајќи ја моменталната ситуација, Форд рече дека чекањето до 2 април – кога се очекува Доналд Трамп да ги удвои тарифите за канадскиот челик и алуминиум – ќе биде „најлошата можна опција“.
