Канадската полиција заплени рекорден број фалсификувани дресови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Десет денови пред почетокот на Светското првенство, полицијата во Торонто објави денеска ја извршила најголемата заплена на фалсификувани фудбалски дресови во канадската историја.

Како што е соопштено, полицијата запленила фалсификувана стока во вредност од над 3,5 милиони канадски долари од магацин во Мисисага, вклучувајќи повеќе од 16.000 лажни дресови и знамиња со лажни логоа на ФИФА, Најк, Адидас и Пума, како и два фалсификувани мундијалски трофеи.

Уапсени се двајца мажи чии идентитети не се соопштени.

Торонто очекува повеќе од 300.000 посетители за време на Светското првенство, а градот ќе биде домаќин на шест натпревари.