Канани: ЕУ не го гледа потенцијалот на регионот – Западен Балкан треба да се обедини за да има поинаков пристап

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европската унија не го гледа потенцијалот на Западен Балкан, и тоа е многу погрешно, изјави во Клик плус Дармендра Канани, директор на стратешки политики во Тинк-Тенк, пријатели на Европа. Тој вели дека сите кон нас се однесуваат неправедно и дека сите балкански држави треба да се обединат и да работат заедно.

„Сите балкански држави треба да се обединат да соработуваат и да кажат чашата е половина полна. Но стратешката грешка на Европската унија, од неколку комесари и, ќе го кажам ова директно, неколку последователни комесари за проширување немаат претстава за потенцијалот и можностите на Западен Балкан. Денес ги трпиме последиците од таа кусогледост“, вели Дармендра Канани.

Според Канани лидерите на Западен Балкан треба да се обединат и да бараат нов заеднички договор со Европската унија.

„Шест до седум премиери треба да седнат заедно и да кажат дека заедно, обединети би биле многу моќни. Ќе можат да испреговараат за поинаков договор. Зошто да не предложиме различен модел? Престанете да не гледате индивидуално, сметајте не за колектив и да е погрижиме да работиме со Европската унија за да создадеме поинаков пристап за пристапните преговори, со различни вредности, но Западен Балкан да биде третиран како блок, како целина“, порача Дармендра Канани.

Канани вели дека на Европа и е потребно поинакво гледање на регионот како блок кој воедно ќе ја претставува нејзината источна граница.