Кандидат мандатар од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Христијан Мицкоски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ ја претстави идејата за кандидат мандатар, и беше донесена едногласна одлука, кандидат за мандатар да биде проф. д-р Христијан Мицкоски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека на овие избори покрај ВМРО-ДПМНЕ, свои кандидати ќе имаат и СДСМ и ДУИ, додека пак финалната одлука ќе ја имаат граѓаните на избори.

„Во овие моменти сметаме дека поважно е да се фокусира целата јавност кон најголемиот проблем заразата и рекордно црниот баланс на новозаразени. Најголемиот приоритет е здравјето на граѓаните“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.