Еден од најдобрите параметри што го следиме е, капацитетот во болниците. Иако има слободни места, капацитетот забрзано се исполнува, рече вечерва Министерот за здравство Венко Филипче в интервју за Сител телевизија.
„Само минатите ден имавме голем број на примени пациенти. Тука е и модуларната болница со дополнителните тимови. Болницата во Козле е исто така спремна. Но, гледаме дека забрзано се исполнуваат капацитетите и согласно тоа може да предложиме и дополнителни рестрикции“, рече Венко Филипче – министер за здравство, во интервју за Сител телевизија.
Министерот додава дека во овој момент има слободни места за прием на пациенти.
