Капe таванот во читална, нема услови за читање во Националната библиотека

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Студентите кои учат во националната библиотека „Свети Климент Охридски“ не треба да излегуваат надвор за да видат какво е времето, бидејќи тоа го овозможува таванот на една од читалните.
Студентите, но и другите корисници на просторите на оваа библиотека се жалат на лошите услови со кои се соочуваат за време на учењето.
„Јас учам во читалната во Националната универзитетска библиотека скоро три години и оттогаш нема никаква промена, т.е. условите во кои учиме се влошуваат, секој ден се влошува и не се подобрува и ова зборува многу за фактот дека релевантните институции не се заинтересирани за условите во кои учиме ние како студенти“, истакна еден од студентите.

„Не, ние не сме обврзани да учиме тука, но немаме друга опција , како што можете да видите дека е, не можеме сите да се собереме на едно место, дефинитивно да дојдеме и тука“, додаде друг студент.

Директорот на НУБ „Свети Климент Охридски“ Фризмим Даути, кој е на чело на оваа институција веќе две години, признава дека условите не се соодветни за студентите. Даути за ТВ21 вели дека постојано барал средства за реновирање на библиотеката, но потребните финансиски средства не биле одобрени.
„Разбирливо е дека студентите не го заслужуваат ова, но дури и студентите за жал немаат многу избор. Некои ја претпочитаат оваа библиотека поради нејзината локација, затоа што се наоѓа во центарот и близу до Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Секоја година, според законот, ние како библиотека сме должни да правиме наставен план за следната година и од тој аспект се и инвестициите во библиотеката. За жал, не постигнавме разбирање и скоро сите наши барања беа одбиени со образложение дека нема доволно финансирање и како резултат не успеавме да ги подобриме условите за корисниците на библиотеката“, истакна Фримзим Даути, директор на БКУ „Св. Климетн Охридски“.

Ниту останатите простори на оваа зграда не се подобри. Стари sидови, мувлосани тавани и скршени светла е сликата во најголемата библиотека и читална кај нас.