Капитенот на турската ракометна репрезентација Џемал Кутахја (32) и неговиот син Чинар (6) загинаа како последица на разорните земјотреси што минатата недела ги погодија јужните делови на Турција, потврди Турската ракометна федерација (ТХФ).
Başımız sağ olsun. pic.twitter.com/VDT1NMeAky
— Türkiye Hentbol Federasyonu (@Hentbol_Fed) February 13, 2023
„Со длабока тага дојде веста за смртта на нашиот драг Џемал Кутахи, капитенот на машката ракометна репрезентација и неговиот син Цинар, кои беа затрупани под урнатините на куќата во која живееја во Антакија“, велат од таму.
Сопругата и свекрвата се уште не се пронајдени
Се огласи и Угур Килиќ, претседател на турскиот ракометен сојуз: „Џемал Кутахја беше човек и спортист со големо срце и капитен во вистинска смисла на зборот. Го прегрна својот син, отиде во рајот. Јас сум многу потресен. Сè уште не ги најдовме сопругата и свекрвата на Џемал. Работиме на тоа“.
Два разорни земјотреси од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија Турција и Сирија минатата недела.