Караџовски: Светот не познава ниту една мерка која ние не ја применуваме на државно ниво – имаме добиено пофалби од СЗО за справувањето со вирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски во вестите на ТВ21 рече дека нема таква мерка која не е применета во Македонија, а била препорачана, и дека нашата земја има добиено пофалби од Светската здравствена организција за справувањето со коронавирусот.

Караџовски уште еднаш апелираше да се почитуваат мерките зададени од Комисијата за заразни болести.