По вчерашното интервју бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов вели дека очекува тоа што го изјавил Заев да биде дел од пишана декларација, со што и практично се потврдува тоа што го бараше Бугарија за анекс на Договорот и натаму останува.
Каракачанов коментирајќи ги ставовите во интервјуто, со навредлив тон рече дека на Заев сега му дошол, акалот. Иако Заев во интервјуто говореше дека со Бугарија имаме заедничка историја, Каракачанов додава, таа е бугарска.
„По стар бугарски обичај, нели знаете, на Бугаринот секогаш акалот му доаѓа следниот ден. Така и со колегата Заев. Дали му верувам или не, не е важно. Преферирам повеќе да не верувам на изјави и на интервјуа, туку да видам што се прави. Историјата е општа, но треба да прецизираме каква. Таа е општа, но е бугарска историја“, рече Каракачанов.
И покрај жестоките реакции во јавноста оправдување на интервјуто на Заев даде министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која рече дека тој само сакал да отвори врати кон Бугарија и дека не треба да се биде заложник на историјата.
„Прашањето не е дали ќе ја читаме или ќе ја заборавиме историјата, треба да се памти историјата. Прашањето е дали денеска ќе ги носиме одлуките исклучиво базирани на тоа што се случувало пред 70 години.
Откако Заев во интервјуто го оквалификува претседателот Пендаровски како не толку искусен политичар, одговори и шефот на државата.“, изјави Шекеринска.
„Моето 20 годишно искуство во меѓународната политика ми овозможува прецизно да ги мерам зборовите и ставовите кои ги искажувам кога разговарам со моите бугарски соговорници. Го погледнав интервјуто и реакциите во македонската јавност за жал беше присутна дилемата дали државниот врв настапува единствено по однос на ова прашање.“, рече Пендаровски.
Но, по изјавата на Заев дека Бугарија била ослободител и на делови на Скопје, Куманово и Крива Паланка, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на својот фејсбук профил објави статус во кое тој и не се согласува со она што го изнесе премиерот во интервјуто и вели дека се изместени факти. Најпрво напиша дека Гоце Делчев е Македонец и е темелот и душата на нашата државност. Македонија беше окупирана и поделена во Втората светска војна од фашистичка Германија, Бугарија и Италија. Куманово е ослободено од 17-тата и 18-тата македонска партизанска бригада Куманово даде над 800-тини партизански жртви и двојно повеќе цивили, напиша Димитриевски.
