Вицепремиерот на Бугарија, Красимир Каракачанов за телевизија БТВ, изјави дека Македонија не го почитува Договорот за добрососедство, и дека добивањето на датум за влез во ЕУ не може да се очекува без решавање на меѓусебните спорови.
„Скопје нема желба да ги реши овие прашања. Сметаат дека можат да се служат со трикови, како досега. Бугарија да ги поддржи, а тие да ни забодат нож во грб како благодарност и да не дискредитираат“, вели Каракачанов.
Каракачанов вели дека македонските Влади започнувале конфликти со земјите од целиот регион.
„Почнаа со прогон на луѓето што се нарекуваа Бугари, потоа конфликтот со Албанија, скандалите со Грција, со Бугарија – цели 28 години“, рече Каракачанов.
Пред неколку дена на гостување во ТВ21, премиерот Зоран Заев рече дека од Бугарија не добиле објаснување каде Македонија го крши Договорот за добрососедство. Каракачанов ниту денеска не појасни.
