Каракачанов со нова провокација: „И Исус Христос бил Македонец“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов испрати нова провокативна порака до македонските власти. Тој денеска истакна дека на крајот околу расправата околу националниот идентитет, ќе излезе дека „Исус Христос бил Македонец“.

„Од времето на Југославија учат да мразат. Албанци, Грци, Бугари. Ги сакаат само Србија и Србите. За нив сме Татари, фашисти и окупатори“, рече Каракачанов.

Бугарскиот вицепремиер рече, дека, судејќи според расправата која трае во месеци, македонската нација постои уште од апостолот Павле, како и дека „Исус Христос бил Македонец.

Изјавата на Каракачанов доаѓа после низата на критики од европските власти кои ја обвинија Софија дека ја блокира Северна Македонија кон европските интеграции.