Карапејовски за употребата на уставното име: Нормално е да кажете Македонија!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот на ЗНАМ, Бобан Карапејовски денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 проговори за неупотребата на уставното име.

Според него, нормално е да се каже скратеното име на било која држва.

„Нормално е да кажете Македонија, да го сведете на центарот на именската група, се разбира дека велите Македонија. Се наметна наратив внатре и се наметна надзорничка улога на Грција дека ние секаде треба да велиме Северна Македонија“, вели Карапејовски.