Сообраќајот во Тетово продолжува да е густ, а немањето паркинг места останува најголемиот проблем на граѓаните. Градоначалникот на општината, Билал Касами на 11 јануари 2022 година излезе со конкретен план.
„Планот за 2022 година предвидува проширување на паркинг зоните и зголемување на бројот на паркинг места во градот Тетово и планот предвидува пет фази. Значи вкупно зонско паркирање ќе има 425 и 775 и катни паркинзи 1890, значи 3090 нови паркинг места, а вкупно ќе имаме 3730 паркинг места.“, вели Касами.
Но Касами сега вели дека прашањето на паркинзите не зависи само од општината.
„Да, секако дека имавме план и во континуитет сме констатирале дека тоа не е прашање што зависи само од општината, општината мора да има на располагање простори за да направи и план за нивен развој, во овој случај немаме ниту слободен простор кој можеме да го понудиме и во јавно-приватно партнерство за да ги разгледаме можностите на општината за изградба на паркинзи.“, изјави Касами.
Но Касами во јануари 2022 година вети четири локации за катни гаражи и тоа три во Тетово и една во Попова Шапка.
„Петтата фаза за периодот јануари-декември 2022 година опфаќа катни гаражи кои вклучуваат два паркинзи пред зелениот пазар, едниот со 350 паркинг места и другиот со 280 паркинг места, еден на локацијата кај судот и еден кај Попова Шапка со вкупно 930 паркинг места.“, вели Касами.
Но, сега Касами вели дека нема четири, туку две локации, па дури ни локациите што ги ветил во јануари 2022 година. За парцелата кај судот вели дека не е сопственост на општината.
„Сме во процес на пронаоѓање локации и наоѓањето на локации кои се планирани за катни гаражи. Како што знаеме, за едната локација има барање за приватизација и е блокирано и не можеме да го ставиме во постапка за катни гаражи и има уште едно барање и има една парцела кај спортскиот центар пред спортската сала која има барање за приватизација и се уште не наоѓаме законски решенија кои не зависат од општина Тетово. Парцелата кај судот не е на општина Тетово, тоа порано беше спортска сала која беше под раководство на Агенцијата за млади и спорт, направено е прекршување на законот и освен зградата, тие и го искористи земјиштето“, изјави Касами.
Во Тетово поголемиот дел од градот има зонско или платено паркирање, иако Касами предизборно ветуваше бесплатен паркинг, по изборите го поскапи паркирањето за 10 денари во секоја зона, со што од 30 денари цената сега е 40 денари.
